Наутро студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен до северозападен правец со брзина и над 60 километри на час. Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштуваат дека минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени.
Во Охрид времето ќе биде сончево со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 4 степени.
До недела ќе се задржи стабилно, суво и студено време со ниски утрински температури. Во понеделник и вторник ќе има зголемена облачноста проследена со повремени врнежи од дожд, а на некои повисоки места од повремен снег.
Најниска темпратура утрово е измерена во Маврови Анови, Берово, Крива Паланка, Демир Капија – 8 степени, во Крушево -7, во Куманово, Штип и Скопје-Петровец – 6, во Тетово, Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Виница, Прилеп – 5, во Кавадарци, Битола, Охрид и Претор -4, во Велес -3, во Дојран 0 и во Гевгелија еден степен. Најмногу снег има на Попова Шапка шест сантиметри.
OhridNews