Времето утрово ќе биде студено, а преку ден претежно сончево. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

Во Охрид утрото ќе биде студено, додека преку ден претежно сончево. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и претежно тивко време со студени утра и температури кои наместа ќе се спуштаат под нула степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност.

OhridNews