Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, многу студено и ветровито. Во планинските подрачја повремено ќе провејува снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -4, а максималната од -5 до 3 степени.
Во Охрид, променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до -10, а максималната ќе достигне до -2 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на студено време со умерен до засилен северен ветер. До среда утринските температури ќе бидат многу ниски и на многу места ќе се спуштат до околу -10 степени, а дневните од средината на неделата ќе бидат во пораст. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица, велат од УХМР.
OhridNews