Вo понеделник Макединија ќе потпадне под влијание на нов влажен и студен бран што ќе донесе поинтензивни врнежи од снег. Студено време не очекува и во вторник, кога утринските температури ќе се движат од минус 7 до минус 1, а дневната нема да биде повисока од нулата.
Слично време не очекува и во среда. Утринските температури ќе се движат од минус 12 до минус 5, а дневните од -6 до -1 степен Целзиусов, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.