Просторот од Студенчишко блато кој е дел од проектот за негова ревитализација деновиве е исчистен и уреден, па туристите кои што ова лето ќе го посетат Охрид ќе можат слободно да уживаат во Ботаничката градина и да ги запознаат уникатните  видови на  блатни растенија.


Покрај тоа што просторот е исчистен од најразличните видови на отпад, што несовесните граѓани го фрлале тука, новина е тоа што поради големата влага и зголеменото ниво на водата од  Охридското Езеро,  растителниот и живиот свет во овој дел од  блатото е  потполно ревитализиран. Тоа според експертите е добар знак дека овој природен феномен може да се врати во првобитната состојба и да се заштити од потполно уништување.

Проектот за ревитализација на Студенчишкото блато го реализираше Ohridnews и Македонското лимнолошко друштво, а со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање.

OhridNews
Фото:Емилио