Претерано разладените оброци и пијалаци не се погодни за секого, предупредува Наталија Круглова, нутриционистка и член на Националното здружение на диететичари и нутриционисти на Русија.
Сладоледот, ледените коктели, ладните салати и закуски не се опасни за здравата личност. Но, луѓето кои страдаат од болести на дигестивниот тракт треба да го ограничат внесот ладна храна и пијалаци, особено лете, советува Круглова.
Таа смета оти студената храна и напитоците со мраз може да предизвикаат тн. „ладна главоболка”.
Но, ова е прилично индивидуална реакција на употребата на ладна храна – потипично е тоа за луѓето склони кон главоболки. Важно е да се водите според вашите сопствени чувствителности, објасни нутриционистката.
Се разбира, човекот треба да се воздржува од студена храна и во случај на симптоми на настинка.
OhridNews