Полека но сигурно почнуваме да ги чувствуваме последиците од глобалното затоплување. По екстремно високите температури во текот на летото, наместо благо опаѓање на истите, на преодот кон есента доживуваме вистински шок.
Земјава деновиве ја зафати студен бран од север кој доведе до опаѓање на температурите за повеќе од 20 степени. Во моментов кога ја пишуваме оваа вест надворешната температура е само 4 степени Целзиусови, а само до пред неколку дена дневните температури во Охрид не беа пониски од 30 степени.
Ваквата нагла промена најмногу ќе ја почувствуваа децата до две години, возрасните и хронично болните лица. Поради тоа лекарите препорачуваат внимателност и соодветно облекување на временските услови.
Студеното време со минимални температури околу 2 степени ќе потрае до сабота кога се очекува благ пораст на дневните температури.
Г.М.