Марти Ратбрн, некогашен член на сциентолошката црква и душевен ревизор на Том Круз, тврди дека оваа верска установа го испрала мозокот на неговите деца.
Марти, кој до 2004 година 27 години работел во сциентолошката црква, изјавил дека луѓето од црквата ја користеле сциентолошката наука за да ги свртат неговите присвоени деца против нивната мајка Никол, од која Том се развел во 2001 година.
Том и Никол ги имаат двете присвоени деца, Изабела (19) и Конор (17).
Во сциентолошката црква им велеле на децата дека нивната мајка е “ограничена особа“.
-Таа беше некој со кој не требаше да бидат отворени, да комуницираат и да го поминуваат времето – вели Марти.
Како потврда на сето тоа, Никол во 2007 година признала дека децата не ја викаат “мамо“ и се пожалила дека така ја викаат Кејти Холмс.