Многубројната екипа која вчера започна со местење на сцената на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, каде во недела концерт ќе одржи рок ѕвездата Лени Кравиц, работите ги продолжи во текот на ноќта под рефлектори. Екипата на Ohridnews ги заатекна техничарите од фирмата „Мегатон“ од Крагуевац како работат длабоко во ноќта. Тие не информираа дека сите работи на сцената и стадионот треба да завршат денеска до 18 часот по што ќе следи проверка на зукот и осветлувањето. Како што веќе објавивме картите за концертот се распродадени и се очекува околу 8.000 обожаватели да го проследат концертот на Лени Кравиц во Охрид.


Сцената за концертот на Лени Кравиц се местеше под рефлектори

Г.М./М.П.