Екипата на Струга Трим Љум го претрпе третиот пораз сезонава во македонска фудбалска елита, откако изгуби со 2-0 (0-0) на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров. „Црвено белите“ вината за поразот преку првиот човек на клубот Арбтрим Ќира ја пронајдоа кај делителите на правдата.

Честитки за моите момци за натпреварот. Дуелот беше директно под влијание на судиски одлуки кои често се јавуваат во одредени натпревари на нашата екипа и тоа од лица неспособни да ја вршат својата работа. Ни се случи подарен пенал во момент кога нашите фудбалери игреа многу добро.

Сепак на фудбалерите ќе им порачам: Главата горе и многу работа во наредните натпревари. – рече претседателот на Струга Трим Љум, Арбтрим Ќира.

Стружани најмногу негодуваа за пеналот во 61-та минута по кој домашниот состав го отвори резултатот и поведе со 1-0. Судија на мечот во Ѓорче беше Александар Грујоски од Кичево.

Пеналот кој ги револтираше стружани.

OhridNews