Стружани се соочуваат со феномен како што се игрите на среќа и казината кои може да се најдат насекаде низ градот, пред средните и основни училишта, пред верските и образовни врати. Државата подготвува предлог Закон за игрите на среќа, но дали ќе се гласа и дали ќе бидат ефикасни планираните измени?!
Илјадници евра секој ден излегуваат од џебот на граѓаните на Струга, а завршуваат во касата на игрите на среќа и обложувалниците. Игрите на среќа не ги штедат ниту социјалните категории и малолетниците, кои треба да се наша колективна грижа. Во оваа насока беше организирана дискусија со повеќе сектори од општетството. Професор Ндерим Положани, организатор, вели дека спровеле прашалник на околу 200 граѓаните на Струга за тоа што мислат за игрите на среќа.
Резултатите од истиот говорат дека околу 95% од испитаниците сметаат дека не се почитуваат законите и лица помлади од 18 години ги посетуваат објектите на игри на среќа во Струга. 96% трвдат дека игрите на среќа придонесуваат до зголемување на криминалот и сиромаштијата. 82% сметаат дека игрите на среќа треба целосно да се затворат, а 18% дека треба ово ј бизнис да биде регулиран со нов Закон, но не и да се затвори целосно. 88 % би го поддржале предлог Законот со кој ќе се обврзат објектите на игрите на среќа да бидат оддалечени минимум 500 м од училиштата и верските објекти, а 12 % не би поддржале ваков Закон, вели Положани.
Како панелист во дискустијата учествуваше и Јакуб Ќазимоски кој истакна дека коцкањето е забрането во исламот не само по себе, туку затоа што носи многу лоши последици како за поединецот, така и за општеството.
Оваа навика ги прави луѓето непродуктивни, мрзливи и социјални паразити. Ги уништува способностите, времето и енергијата како на поединецот, така и на заедницата. Исламската заедница е изречно строго против отворање на било какви казина и игри на среќа, а кога веќе живееме во едно општество каде имаат право и другите кои не мислат на ваков начин, тогаш во најмала рака треба да бидат оддалечени, таму каде што апсолутно не може да дојдат во контакт малолетни лица, вели Ќазимоски.
Учесниците во дискусијата со ставови дека казината и игрите на среќа лоцирани на сите страни во Струга се одразуваат на безбедносниот аспект, психолошката состојба на децата, доведуваат до наведување на социјалните случаи во уште потешка состојба.
Посочуваат и на негативните ефекти кои лицата кои се навлечени на игрите на среќа ги предизвикуваат во семејството, но и дека треба да се спроведе едукација на учениците за штетните последици. Се сложуваат дека треба ваквите објекти да се дислоцираат надвор од градот, подалеку и од образовните институции.
OhridNews