Ракометниот клуб Струга, кој се натпреварува во Првата машка ракометна лига го сочинуваат ракометари кои во просек имаат не повеќе од 20 години. Првата полусезона во Првата лига „паткарите“ ја завршија на солидната шестата позиција со 100% ефект на домашен терен.

– По заминувањето на постарите ракометари од клубот се решивме да продолжиме да се натпреваруваме, но со помлади ракометари во составот. Тие допрва треба да го дадат посакуванио ефект бидејќи сеуште немаат искуство да покажат се што знаат – рекоа од клубот.

Струшката ракометна школа е една од најдобрите во Македонија. Од таа школа потекнуваат репрезентативците Наумче и Златко Мојсовски, Ацо Јоноски, Велко и Никола Маркоски, Гоце Ојлески и уште многу други кои тропаат на таа врата.

– Ракометната школа на Струга секогаш изобилува со големи таленти кои завршуваат во најсилните екипи во Македонија. Затоа се потпревме на таа теза младинските ракометари да го водат клубот  – додадоа од Р.К. Струга.

Пред стартот на сезоната стружани одиграа контролни натпревари со охридските ракометари каде претрпеа два порази.

Мх.П.