Струшките ракометари во 1/16 финалето од Купот на Македонија за противник го добија тимот на Битола, кој настапува во Првата лига.

Екипата на Струга, која е доста подмладена мечот со битолските ракометари ќе го одигра на домашен на осми март со почеток од 15:00 часот.

Овие два тима минатата сезона се сретнаат во бараж натпреварот за влез во Супер лигата. Тогаш стружани победија, но поради финансиски проблеми не настапија во Супер лигата.

Победниците од овие дуели ќе се пласираат во 1/4 финалето каде ги чекаат екипите кои настапуваат во Супер лигата меѓу кои е и ракометниот клуб на Охрид.

Двојки : РК Прилеп 2010 – РК Текстилец 19:00ч (12.03), РК Младост 09 – ГРК Борец 14:00ч (08.03), РК Вардар-Полог – РК Јехона 13:00ч (09.03), РК Струга – РК Битола 15:00ч (08.03), РК Работнички – РК Риниа М 21:00ч (06.03).

Мх.П.