На 06.08.2019 во 12,30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „шевролет спарк“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 19-годишник од Струга и патничко моторно возило „фиат браво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 35-годишно лице од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на спаркот. и сопатник од истото возило на возраст од 23 години од Струга кои биле пренесени во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош. Со телесни повреди се здобиле уште двајца сопатници на возраст од 40 и 22 години кои исто тала биле пренесени во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар.
OhridNews