Лидерот на табелата во Првата лига, Струга со биланс од пет победи во шест меча го пречекува охридскиот ракометен состав. Стружани кои се благи фаворитите на денешниот меч велаат дека немаат проблем со императивот победа.

Немаме проблем со улогата на фаворит на овој натпревар, тоа воопшто не претставува притисок за нашиот тим. – вели Јованчо Угреновиќ од РК Струга.

Домаќините се силно мотивирани, само убедлива победа е во нивните мисли. Струга била расадник за ракометари и тоа ќе се обидат да го потврдат на мечот со Охрид.

Очекуваме висока победа на нашиот тим за зацврстување на првото место на прволигашката табела. Мотивирани сме уште повеке да победиме поради големиот интерес на публиката од обете страни на езерото. Струга отсекогаш била расадник за врвни ракометари и ќе докажеме дека традицијата продолзува – истакна Угреновиќ.

Од клубот апелираат на фер и коретно навивање од страна на навивачите на двата клуба.

Мх.П.