Изминатиот викенд Струга беше домаќин на државното првенство во ракомет за основни училишта во машка категорија. Покрај домаќинот на оваа првенство ООУ,, Браќа Миладиновци,, учество на заршниот турнир изборија и следните училиштата : Јосип Броз Тито – Струга, Васил Главинов – Велес, Дедо Иљо Малешевски – Берово, Ѓорѓија Пулевски – Скопје, Лазо Ангеловски – Скопје.
Љубителите на ракометот во Струга во овие три дена можеа да уживаат во ракометната игра преполна со прекрасни потези,голови и одбрани.Струга и стружани уште еднаш покажаа дека се одлични домаќини и големи познавачи на ракометната игра. Салата Нико Нестор речиси на секој натпревар беше исполнета во задоволителен број како тоа да е некој сениорски наптревар во македонската ракометна лига.
За возбудувањата да бидат што поголеми се погрижија двете струшки екипи кои ги зазедоја првото и третото место на оваа првенство со што уште еднаш се потрди дека Струга е лулката на ракометната игра во Македонија и дека од тука ќе излезат големи ракометни имиња кои ќе ги заземат местата на сега веќе афирмираните ракометни имиња како што се:браќата Наумче и Златко Мојсоски, браќата Никола и Велко Маркоски, Ацо Јоноски,Гоце Ојлески и уште многу други.
Пласман на екипите : Јосип Броз Тито (Струга), Лазо Ангеловски (Скопје), Браќа Миладиновци (Струга), Ѓоргија Пулески (Скопје), Дедо Иљо Малешевски (Берово), Васил Главнинов (Велес).
Во доделувањето на наградите учествуваа и македонските ракометни репрезентативци Златко Мојсоски, како и браќата Велко и Никола Маркоски.
Ohridnews