Охридските ракометни пионери забележаа нова победа во 14-та рунда шампионатот совладувајќи го тимот на Струга со 19-10 (11-7) на домашен терен.


Избраниците на Наум Бабачев со рутинскиот триумф над струшките пионери го задржаа врвот на табелата и се доближија чекор поблиску до шампионската промоција.

Во листата на стрелци со шест голови се истакна пивотменот Кристијан Димитриески, до пет броеше Наум Костов, три запиша Мартин Иваноски додека два пати прецизен беше Стефан Спироски.


Во следната 15-та рунда екипата на Охрид гостува во Кичево, а силите ќе ги одмери си тимот на Гого.

Фото: Архива
OhridNews