Целта на тематската работилница е да се разговара за улогата и надлежностите на Комисијата за односи меѓу заедниците (КОМЗ), релацијата КОМЗ – Совет на општина Струга, начините за подобрување на комуникацијата и соработката меѓу КОМЗ и Советот на Општина Струга, како и за улогата на Народниот правобранител за унапредување на мултиетничкиот живот на граѓаните. На работилницата ќе бидат присутни претставници на КОМЗ, Советот на општина Струга, општина Струга.
Проектотима за цел да ги развие способностите на релевантните институции, Комисиите за меѓуетнички односи и НВО кои работат со малцински групи, на прашања за малцинствата преку проценка на потребите, обуки и обука за обучувачи. Оваа компонента ќе обезбеди подобра комуникација и ќе поттикне вмрежување и соработка на локално и на национално ниво меѓу НВО, експертите и институциите што работат на полето на заштита на малцинските права.
Работилницата ја имплементира ФИООМ во соработка со Здружението за развој и активизам „АКВА“ Струга (поранешен Центар за поддршка на НВО – Струга).