На 8 јули во организација на Здружението „Аква“ ќе биде спроведена кампања за зајакнување на јавната свест за правото на здрава животна средина, проследена со акција за чистење на плажата „25 мај“.

Стружани имаат право на здрава животна средина! Тоа право е во наши раце!- е пораката која ќе биде испратена.

Станува збор за завршен настан од проектот “(Локално) Младинско учество е важно“ кој ЗРА „Аква“ го спроведува во партнерство со Center for Intercultural Dialogue (CID) Kumanovo.

Проектот е поддржан од Амбасадата на Кралство Холандија во Република Северна Македонија.

OhridNews