Во водите од Охридското езеро во организација на Кајакарската федерација на Македонија во соработка со Агенцијата за млади и спорт, како и техничка поддршка на кајакарскиот клуб Дрим од Струга се одржа втората меѓународна кајакарска регата “Илинденски спринт”.
Натпреварите започнaa во 9 часот со учество на 10-тина клубови од три држави Македонија, Србија, Бугарија. Учесниците се натпреваруваа во четири категории (пионери ,кадети, јуниори и сениори) во две дисциплини К1(кајак едносед) и К2(кајак двосед) во машка и женска конкуренција на 500м и 200м..
Се извеслаа вкупно 15 трки во сите категории. Во сениоркска конкуренција првото место го освои Константин Дејкоски од ККК Дрим Струга , а во дисциплината К2 заедно со Кочоски ја освоија водечката прва позиција. Второпласиран заврши Александар Јевтиќ од Србија, додека кај девојките првата позиција ја освои Александра Пендовска од ККК ЕХО Охрид.
Во јуниорска конкуренција првопласиран беше Бобан Пејчиноски додека во дисциплината кану Ц1 доминираа странските гости Аражина Немања “Забрежје” -Обреновац, Михаил Федишин -Чипилински -Бугарија.
Во севкупен пласман на оваа 2-ра Илинденска Спринт Регата најмногу бодови имаше ККК ДРИМ -Струга со што ја зазеде првата позиција, втора позција ККК ЕХО-Охрид а третата позиција ККК Тракија Бугарија.
OhridNews