Струшките екипи ги однесоа златните медали од ракометниот турнир во Охрид, кој по трет го организираше Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ заедно од Општината Охрид.


На турнирот во машка конкуренција учествуваа шест додека во женска четири екипи, а се натпреваруваа во категоријата пионери.

Кај женските триумфираше Стружанка победувајќи го домаќинот Моби Дик во финалето. Во дуелот за третото место славеше ракометниот клуб Радан од Србија над Гого од Кичево.

Во машка конкуренција струшкиот Јуниор во финалето го совлада тимот на Струга, а Филип-Вардар од Прилеп победи над Охрид во борбата за третата позиција.

Ohridnews