Стружанецот Здравко Цветаноски е назначен за нов шеф на стручниот штаб во ФК Охрид. Цветаноски доаѓа на местото на Зоран Ѓорески – Џајо кој го напушти клубот по влезот во првата лига.


Цветаноски првата средба со фудбалерите ќе ја има во понеделник , за кога е и закажан стартот на подготовките за новата сезона.

Охрид по 15 години се врати во елитното друштво, а пред Цветаноски ќе биде сериозен предизвик да го избори опстанокот во лигата.

Цветаноски во својата фудбалска кариера играл за екипите на Слога Ј, Македонија ЃП, Караорман, додека како тренер работел во струшките Караорман и Влазними.

М.П.