На маратонската трка која се пливаше од Санта Фе до Рио Коронда во должина од 57 километри Стружанецот Ристовски го освои петтото место.

На стартот на вториот маратон од Светската серија се појавија вкупно 15 пливачи,10 во машка и 5 во женска конкуренција. По испливаните 57 километри кај мажите победи Бугаринот Петар Стојчев со време од 7 часа 29 минути и 30 секунди, втор беше Аргентинецот Дамјан Блум кој победи на првиот маратон со заостанување од 13 секунди. Подиумот го коплетира уште еден Бугарн Тихомир Иванчев.

Кај дамите победи Естер Нуњез Морера од Шпанија со време од 7 часа 53 минути и 55 секунди пред Аргентинката Целест Пунет и Американката Ерика Роуз.


Ристовски се одмара по маратонот во Аргентина

Михајло Ристовски кој на целта стигна како петти задоци зад Стојчев 13 минути и 21 секунда.Со овој резултат и предходно освоеното четврто место Ристовски се наоѓа на третото место во генералниот пласман во Светската серија веднаш зад Дамјан Блум и Петар Стојчев.

За Ристовски маратоните во Аргентина претставуваат одлична подготвка за Светското првенство (СП) во далечинско пливање, што се одржува во ртамките  на пливачкиот мундијал кој започнува на 17 март во Австралија. Според најавите Ристовски на СП ќе настапи во трките на 10 и 20 километри. Следниот маратон од Светската серија ќе биде познатиот Капри – Неапол на 7 јули кој има должина од 36 километри. Потоа следи маратонот во Шабац на 14 јули, а на 21 јули маратонците ќе пливаат во водите на Охридското езеро.

Ненад Цветанов