Стружанецот Бени Османоски ја освои светската шампионска титула во К1 победувајќи го во финалето Мартин Крауц.

До златниот појас Османоски стигна со нокаут во четврата рунда против бранителот на трофејот во борбата која се одржа во Швајцарија.

– За финалната борба тренирав напорно два месеци и тоа со Аплах кој е еден од најдобрите светски тренери – кратко изјави Османоски.

Пред речиси две години Османоски во интервју за Ohrid News рече дека целта му е светската титула во К1 категорија и успеа во тоа победувајќи со нокаут.

Мх.П.