Македонскиот репрезентативец Никола Џутески, обезбеди пласман во полуфиналето на Светското првенство во кајак на мирни води за младинци до 23 години, што се одржува во Монтемор, Португалија.18-годишниот стружанец, утрово на трката на 1000 метри успеа да се пласира меѓу најдобрите 27 на светот во младинска конкуренција.
Џутески попладнево ќе настапи во полуфиналето во обид да стигне со пласман меѓу најдобрите млади кајакари на светот, што ќе му овозможи борба за медал.
Г.М.