Стружанецот Лазо Липоски е новиот спортски директор на рускиот клуб Анжи Махачкала. Тој на екипата му се придружи во Марбеља, Шпанија каде ги одработуваат подготовките за новата сезона.
– Секако дека сум среќен што ми беше понудена фунцкијата спортски директор од старана на клубот каде имав неколку незаборавни години. Со задоволство ја прифатив и ми чест што сум дел од овој клуб – рече Липоски за „Македонскиот Спорт“.
Екс репрезентативецот на Македонија пред заминувањето во Русија ја извршуваше функцијата претседател на струшкиот фудбалски клуб Караорман, кој се натпреварува во Третата македонска фудбалска лига.
Липоски како голман во минатото беше дел од екипата на Анжи, а по завршувањето на кариерата заплива во менаџерски води.
Мх.П.