Десното крило во младинската екипа во Металург пристигна од Струга, а за само една полусезона успеа со своите квалитети да тропне на сениорската врата. Во екипата на Металург се најавува голем рез, а со тоа повеќе простор ќе има за помладите кои за неколку години ќе го понесат товарот на тимот.
– Мој личен став и став на управата на Металург е годинава дел од младите ракометари што се плод на школата на Металург и се дел на екипата на Металург јуниор да се префрлат во првиот тим. Таму тие ќе го надградат и усовршат својот играчки потенцијал. Во тие млади ракометари спаѓаат исклучително талентираните бекови Марко Нелоски и Филип Талески, потоа браќата Бојан и Борјан Маџовски, најмалиот од лозата Манаскови, Мартин, па Жарко Пешевски и младото брзо крило Никола Костески – рече Червар, за „Нова Македонија“.