Стружани староседелци во Металург се браќата Наумче и Златко Мојсоски, Велко и Никола Маркоски и Ацо Јоноски, а Костески ќе биде шест ракометар со потекло од Струга.
– Ова е повеќе од остварување сон. Со само пет месеци поминати во Металург Jуниор, денес станувам дел од првиот тим на Металург и ќе бидам заедно со ракометната елита на Македонија. Чест ми е што ја добив довербата и што ќе можам да учам од светски тренер како Червар. Се надевам дека сезонава Металург ќе блесне со уште поголем сјај и ќе продолжи да создава и открива млади талентирани ракометари – рече за „Нова Македонија“, Костески.
Леворакиот ракометар минатата сезона беше член на ракометниот клуб Струга, кој од следната година ќе се натпреварува во елитата заедно со Металург, Вардар, Зомимак…