Стружанецот Никола Костески се најде на списокот ракометари кои ќе настапуваат за Македонија на Медитеранските игри во Мерсин, Турција.


Костески, кој настапува во младата екипа од Металург со своите квалитетни игри веднаш се наметна во тимот, а како награда дојде пивокот во селекцијата.

Покрај струшкиот ракометен бисер во составот на Андон Бошковски и Данило Брестовац се најдоа: Никола Маркоски, Стојанче Стоилов, Гоце Ојлески, Левов Милан, Златко Даскалоски, Филип Лазаров, Мартин Манасков, Дарко Георгиевски, Филип Талевски, Милорад Кукоски, Жарко Пешевски, Градимир Чаневски, Бојан Маџоски, Дејан Пецакоски, Борјан Маџоски, Влатко Јовчевски.

Составот за Медитеранските игри го објави и селекторот на женската ракометена репрезентација Гино Стрезовски.

Тој ќе смета на следниве ракометарки: Робертина Мечевска, Сара Ристовска, Савица Мркиќ, Симона Гроздановска, Наташа Младеновска, Душица Ѓоргиевска, Марија Серафимовска, Наташа Антиќ, Ивана Маневска, Елена Горгиевска,  Тања Шалевска, Дијана Наумоска, Марија Штериова, Моника Јанеска, Драгица Митрова, Матеа Серафимовска.

Мх.П.