Офанзивниот играч за врска Пајтим Касами се уште се пишмани  околу  евентуалниот настап во “црвено – жолтиот“ дрес.  Касами е еден од играчите кои Јонуз силно го посакува во својот состав, но родениот стружанец кој беше еден од носителите на играта на репрезентацијата на Швајцарија до 17 години не дал зелено светло за деби во дресот на Македонија.


Интересот за Касами но и за Игњовски од Минхен 1860 датира од поодамна кај селекторот Јонуз. Остварени се конткати со фудбалерот, кој побарал дополнителен рок и време да добие повик од селекторот на Швајцарија, Отмар Хицфилд и ако не го добиел дури тогаш ќе размислувал за Македонија.

Пајтим Касами кој фудбалска кариера ја започна во Швајцарија, моментално е дел од тимот на Палермо, одигра 12 натпревари а се уште чека на својот првенец во тимот од Сицилија.

Ohridnews