Кикбоксерот Слободан Кајмакоски на 13 декември во спортската арена „Борис Трајковски“ во категоријата до 70 килограми ќе се сретне со хрватскиот кикбоксер Тео Микелиќ.


– Нема борба во која не одам да го совладам противникот. Така ќе биде и против Микелиќ во Скопје кога пред домашната публика ќе пробам да се прикажам во што подобро светло. Моите цели се високи и еден ден сакам да се борам за шампионскиот појас во К1 – рече Кајмакоски.


Стружанецот, кој во минатото работеше заедно со најпозниот кикбоксер на Балканот, Мирко „Кро Коп“ Филиповиќ во досегашните професионални борби има скор од четири победи и еден пораз, а како аметер се има борено во повеќе од 100 борби.

Мх.П.