Пред очите на својот идол Мирко „Крокроп“ Филиповиќ струшкиот кик боксер Слободан Кајмакоски претрпе пораз од Тео Микелиќ по судиска одлука во дуелот кој се одржа во Скопје на „Final Fight Championship“.

Хрватскиот борец беше поснадлиов во текот на целата борба, Кајмакоски даде се од себе, но на крајот на победата се радуваше „гостинот“.

За стружанецот ова е шеста борба во професионалните кик боксерски води по која го претрпе вториот пораз, а има четири победи од кои две со нокаут.

Покрај борбата на стружанецот на финалната битка во Скопје се одржаа уште неколку борби.

Резултати (ММА) : Рико Родригез го победи Несторас Бацелас – технички нокаут, Гзим Селмани го победи Томаж Симониќ – гушење, Васо Бакочевиќ го победи Станислав Енчев – едногласна одлука, Костадин Енев го победи Патрик Переш – гилотина, Ристо Димитров го победи Георгиос Вардис – едногласна одлука, Матија Блажевиќ го победи Виктор Стојанов – технички нокаут

Резултати (Кикбоксинг): Рустеми Крешник го победи Дино Белошевиќ – одлука на судии, Младен Брестовац го победи Кирк Кроуба – одлука на судии, Томаш Хрон го победи Игор Михаљевиќ – одлука на судии, Шкодран Весели го победи Иле Ристески – нокаут, Игор Емкиќ го победи Клеантис Мавропулос – одлука на судии, Тео Микелиќ го победи Слободан Кајмакоски – одлука на суди

Фото : Екипа.мк
Мх.П.