Поради основано сомнение дека е сторител на едно кривично дело ,, Бесправно градење“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против  лицето А.Б. од Струга роден 1989 година, сопственик на хотелот ,,Блу скај“ лоциран на кејот на реката Црн Дрим.

 Пријавениот, на ден 13.10.2008 година започнал со градежни работи-ископ на горниот дел од кејот на реката Црн Дрим, поради што е оневозможено нормалното движење по кејот. Пријавениот, од градежниот инспекторат во Општина Струга, добил согласност само за санирање, односно поставување изолација на ѕидот од објектот заради заштита од влага со задолжение, после санацијата, кејот да се врати во првобитната состојба.

 Наместо тоа, пријавениот сопственик на хотелот, започнал бетонирање на површината, што според согласноста од надлежните служби на Општината, не е дозволено.

СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на пријавениот кој во моментов е во бегство.

ohridnews