Едно лице загина, а четири се повредени во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи на планинскиот превој Стража.

-Синоќа во 19,10 часот, на магистралниот пат Гостивар-Кичево  се случи сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „опел“ управувано од Б.А.(24) од с.Опае-Куманово, ПМВ „ауди“ управувано од Петко Б.(26) од Струга и ТМВ „мерцедес „управувано од Ш.М.(38) од с.Ласкарци-Скопје. Во незгодата тешко телесно бил повреден Петко Б. кој починал во МЦ Гостивар, а тешко телесно се повредени и двајца сопатници(по еден од двете патнички возила),  кои се хоспитализирани во МЦ Гостивар, соопшти МВР.

Според првичните информации причина за несреќата е претекнување на возилата  кои се движеле од Кичево кон Гостивар.

Истражен судија, јавен обинител и крим-техничари извршиле увид на местото на несреќата, а сообраќајот на овој патен правец неколку часа се одвиваше отежнато.

OhridNews