Стружанец со чекан удрил сограѓанин по глава и искршил два автомобила во петокот вечерта во Струга, соопшти МВР.

Инцидентот се случил околу 21 часот во зграда на улицата Кеј 8 Ноември. Тогаш пред вратата од станот на А.Б. (30) дошол З.Б. (40) кој, од засега непознати причини, почнал расправија со домаќинот. Караницата преминала во тепачка во која З.Б. со чекан го удрил по главата А.Б. и си заминал. Насилникот на излегување од зградата оштетил автомобил „фолксваген пасат“ и џип „галопер“, сопственост на братот и на таткото на претепаниот, удирајќи ги возилата со чеканот.

Повредениот А.Б. бил пренесен во струшката болница, каде што е задржан на лекување, а З.Б. бил повикан на разговор во полиција, од каде по неколку часа бил пуштен. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

ohridnews