Италијанските власти му ја одзеле дозволата за престој на македонскиот државјанин Елмир Авмедоски (31), кој десетина години работел во Италија, и го ставиле на црната листа за влез во земјите од Шенген-зоната затоа што заминал да се бори во Сирија, пишува „Дневник“.
Извори од МВР за „Дневник“ потврдиле дека Авмедоски уште во 2013 година им се приклучил на џихадистите во Сирија, но тврдат дека се’ уште е таму.
– Според оперативни сознанија, тој до 2009 година живеел во Италија, а потоа повремено одел таму. Во 2013 година заминал за Сирија и оттогаш не се вратил, тврди извор од МВР.
Целосната сторија може да ја прочитате во онлајн изданието на „Дневник“.
OhridNews