Стружанец на возраст од 79 години вчера бил нападнат и повреден со остар предмет во пределот на вратот. Осомничен за нападот е 50 годишен жител на струшкото село Долна Белица.
Според полицијата, вчера околу 20 часот и 40 минути во Општата болница во Струга бил донесен повредениот со повреди во пределот на левата страна на вратот, односно посекотини нанесени од остар предмет.
Од преземените мерки осомничениот за нападот е приведен во Полициската станица во Струга и по целосно расчистување на случајот ќе му биде поднесена соодветна пријава.
Неофицијално дознаваме дека повредениот бил тапанџија за Ифтар.
OhridNews