СВР Охрид поднесе кривична пријава против 51-годиен жител на Струга поради постоење основи на соменение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.

Во текот на 2024 и 2025 година во Струга, пријавениот, во својство на инвеститор, на државно земјиште прогласено за „Заштитено подрачје – Споменик на природата Охридско Езеро“ узурпирал дел од Охридското Езеро со цел да го заземе во владение, при што изградил потпорен ѕид од тврд материјал и без соодветно одобрение од надлежен орган, соопшти МВР.

OhridNews
Фото: Архива/Илустрација