На 11.02.2025 во 15.55 часот на улица „15 Корпус“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид врз основа на Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, од слобода лишија 41 годишно лице од Струга, вработен во фабрика за производство на медицински канабис.

Од него е одземено едно пакување со кафеава материја, која е пронајдена кај него од работник на обезбедување при излез од фабриката. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.

OhridNews