На 24.02.2025 во 00.30 часот пред казино на улица „Маркс и Енгелс“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга приведоа 47 годишно лице од струшкото село Подгорци.
Тој претходно, во казиното го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон персоналот и другите присутни во објектот. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 23.02.2025 во 18.00 часот во ОВР Струга е пријавено дека на површина со трска во струшкиот крајбрежен појас на брегот на Охридското Езеро, покрај регионалниот пат Струга-Калишта, настанал пожар.
Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews