Во Полициската станица Струга, вчера, било пријавено дека во населба Елен Камен во Струга, при изведување градежни работи, со повреди се здобил 49-годишен стружанец и како последица на тоа починал. Според пријавеното, додека работел, стружанецот бил удрен од црево кое се откачило од пумпа за бетонирање. Се преземаат мерки за рачистување на случајот.
Викендов во Полициската станица Струга е приведено 39-годишно лице од село Франгово, затоа што упатувало закани по животот на 45-годишна жена од Струга. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.