Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 61-годишно лице од Струга.
Како што информираат од СВР Охрид, пријавениот, на 10-ти ноември, по претходна караница со 42-годишен охриѓанец извадил огнено оружје-пиштол, што нелегално го поседувал, и го вперил кон него, упатувајќи му сериозни закани.
OhridNews