81-годишен стружанец е пронајден починат во својот дом во Струга, соопшти денеска СВР Охрид.

Портпаролот Стефан Димоски информира дека случајот во струшката полиција бил пријавен вчера во 13 часот и 30 минути.

При увид, извршен од Јавен обвинител и полициски екипи, било констатирано дека, во собата каде бил пронајден мртов 81-годишниот К.К., претходно настанал пожар, кој не се проширил во другите простории, појасни Димоски.

Лекар од Брзата помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено за обдукција.

OhridNews