Одржувањето на Струшките вечери на поезијата -СВП оваа година  виси на конец поради несериозниот однос на раководството и надлежното министертво, алармираат писателите. Никогаш до сега не се случило во месец март да не биде познат лауреатот, а покрај тоа не е извршен ниту изборот на најдобар млад поет, што вообичаено се прави во декември. Управниот одбор на фестивалот не функционира, а новоназначената претседателка, албанската поетеса Пунторие Муча-Зиба е во приватна посета во Америка од каде ќе се врати дури по еден месец.

Загрижени за ваквата состојба реагираа членовите на Друштвото на писателите на Македонија. Оттаму сметаат дека алармантно се доцни со подготовките на фестивалот. Но, фестивалот го мачат и отворените поделби по етничка основа, отако членови на струшкиот Совет отворено побараа Струшките вечери да бидат двојазични.

И покрај сето ова министерот за култура Арификмет Џемаили, сеуште молчи, велат писателите. Министерството треба веднаш да реагира зошто во спротивно одржувањето на најпознатата светскат поетска манифестација сериозно ќе биде доведено во прашање, предупредуваат писателите.

ohridnews