Иако со Закон на учениците им е загарантиран бесплатен превоз, повеќе стотици средношколци од струшко веќе една недела имаат проблем како да дојдат на настава. Поради нерасчистени односи помеѓу авто-превозниците, учениците во прва година во струшкиот средношколски центар доцнат на настава, а за враќање дома некогаш чекаат и со часови.


Учесниците од струшките села мора да се снаоѓаат како знаат и умеат
-Децата ни се оставени буквално на улица. Тие мора да се снаоѓаат кое како знае, некои родители им плаќаат такси или ги носат, но поголемиот дел нема како да стигнат на училиште – раскажува разлутено, родител на ученик во струшката гимназија. Револтирани сме и доколку состојбата брзо не се промени ќе организираме протести, се закануваат родителите.


на проблемите во струшките средни училишта им нема крај

Од училиштето отфрлаат секаква одговорност за проблемот. „Ние навреме испративме списоци со имињата на учениците до Министерството за образование кое понатаму ги проследува до избраните авто-превозници. Се беше во ред до пред неколку дена, од каде сега настана овој проблем не знаеме, но очекуваме брзо да биде решен,“ вели директорката на СУ „Нико Нестор“, Драгица Добреска“.


Драгица Добреска

Од здружението на авто-превозници од Струга засега молчат и не даваат објаснување зошто трите компании кои добија лиценци за вршење бесплатен превоз на учениците не ја исполнуваат обврската. За случајот е информирано Министерството за образование од кое се очекува брзо да го реши проблемот. До тогаш учениците од струшко ќе мора да се снаоѓаат како знаат и умеат.

Ohridnews