Стотина ученици од сите етнички заедници, денеска мирно протестираа во Струга против реформите во средното образование. 

Учениците истакнаа дека не се против реформи но не сакаат да се експериментира со нив.

Тие побараа укинување на математиката како задожителен предмет за матуара и враќање на стариот систем на полагање.

-Бараме приемен испит на факултетите и целосно укинување на екстерното тестирање.-истакнаа струшките средношколци.

Г.М.