Струшките ракометни арбитри Никола Пауновски и Оливер Спироски го прекинаа ракометниот натпревар Битола – Прилеп во Првата лига откако физички беа нападнати.

Инцидентот се случи во 37-та минута кога двајца ракометари од домашниот состав физички ја нападна струшката судиска двојка, која спасуваше жива глава.

Во моментот на прекинот гостинската екипа имаше предност од три погодоци разлика, а дополнително ќе се разгледува околу санкциите за немилиот настан во спортската арена „Младост“.

Мх.П.