Во понеделник ќе биде распишан тендер за издавање на струшките плажи под концесија во период од 5 години. Ова било договорено на средбата помеѓу градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, што се одржа вчера.

На средбата било договорено изборот на концесионерите да го врши заедничка комисија составена од претставници на министерството за транспорт и општината, како што тоа се прави во општина Охрид веќе три години.

Договорот помеѓу општината и ресорното министерство беше постигнат на истекот на  крајниот рок кој државата и го даде на општината да ги урне диво поставените шанкови на плажите. Со него се предвидува диво изградените шанкови кои ќе се вклопат во програмата за издавање на плажите да останат, додека другите ќе бидат отстранети.

На состанокот било договорено да се прошират плажите во Калишта, Радожда и во Езерски лозја, како и  да се изгради пристаниште и марина во Струга.

Ohridnews