Во конкуренција на 650 натпреваруваши од 17 држави, струшките кајакари и кануисти остварија солидни резултати.
Ѓорѓи Куциноски во категоријата К1 го освои 5 – то место, Вегим Билали се пласираше на 10 – то. Беком Изериоски во категоријата Ц1 се пласираше на 16 – то место.
Ристо Чуркоски во категоријата ветерани во К1 на 800 м. го освои првото место во Б финалето и 9 – то место во К1 на 2000 м.
Екипно ККК “Струга“ во конкуренција на 53 екипи го завзеде 14 место.