ЈЗУ „Специјализирана болница за нефрологија“ – Струга заедно со ЈЗУ „Општа болница“ Струга, организираше акција за собирање на медицински материјали, како солидарна помош за ЈЗУ Градска општа болница „8 – ми Септември“ Скопје, во која моментално се хоспитализирани повредените од трагичната несреќа во Кочани.
Акцијата беше поддржана и од приватните аптеки во Струга, кои донираа значителни количини на медицински материјали, посочуваат од Нефрологија.
Претходно од ЈЗУ Специјализирана болница за нефрологија – Струга информираа дека со сите свои ресурси Болницата се става на располагање за укажување на медицинска помош на повредените лица во трагичната несреќа во Кочани.
OhridNews